10 Стипендии за официјална летна менторска програма за 3D Artist by Autodesk

10 делумни стипендии во вредност од 160€ за официјалната летна менторска програма by Autodesk

БИДИ ОРИГИНАЛЕН.
Подготви се за најатрактивната професија во филмската, гејминг и маркетинг индустрија!

Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули, и работа на реални проекти во соработка со познати компании. Воедно ќе имаш можност овие обуки да ги следиш по повластени цени и да добиеш една од стипендиите.

Autodesk 3D Artist | Дизајнер на 3Д модели и 3Д визуелицација by Autodesk

Почеток: 27.06.2022

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Во 2020/2021 официјалните Autodesk обуки ги посетуваа 320 слушатели.

3D артистите ги користат своите уметнички и компјутерски вештини за да создадат 3Д модели и визуелни слики што можат да се инкорпорираат во видео игри, филмови, телевизиски емисии, реклами или други форми на медиуми.

3D артист е експерт кој создава виртуелни 3D објекти од фотографија или цртеж користејки специјализиран софтвер. Иако им е потребен уметнички талент за да направат рачно нацртани илустрации, да вклучат детали за креатива на игра или филм и да развијат соодветна графика за употреба, исто така им се потребни силни компјутерски вештини за да го финализираат дизајнот.

Големите корпорации како Facebook, Google, Amazon и Netflix трошат милијарди долари годишно на технологија за виртуелна реалност и создавање 3D содржина. Професиите поврзани со овие области сега се на бранот на популарноста, а за тоа сведочат и реалните факти.

3Д моделирањето игра суштинска улога во животот на современото општество. Секој може да отпечати 3D објект преземен од интернет, без разлика дали е дизајнерски модел или лик од омилен цртан филм. Сепак, не секој може да користи 3D програми и да моделира тродимензионални објекти. Оттука, побарувачката за професијата во 3D моделирање експоненцијално порасна во изминатата деценија. Ова се главните области каде 3D моделирањето е од суштинско значење:

  1. Наука и технологија. Во оваа област, 3D визуелизацијата се користи главно за дизајнирање на технички производи. Современите технологии овозможуваат да се визуелизира дизајнираниот објект што е можно поблиску до вистински. Тридимензионалниот модел на идниот механизам ја забрзува и ја олеснува работата на дизајнерскиот инженер, ослободувајќи го од процесот на цртање.
  2. Рекламирање и маркетинг. Омилените животни, храната што зборува или патерните што се појавуваат на екраните на гаџетите за неколку моменти го привлекуваат вниманието на потрошувачите. Сè повеќе, маркетерите користат 3D визуелизација на предмети за да креираат анимирани реклами - снимањето во реални услови не дава толку атрактивна слика како со анимацијата.
  3. Архитектура и градежништво. Луѓето неодамна се заинтересираа за 3D визуелизација на ентериер или зграда. Претходно, дизајнерите создаваа модели на предмети од картон - ова беше многу долго и комплицирано. Денес, 3D визуелизацијата на куќа е важна фаза пред да започнете со градежни работи. Оваа технологија ви овозможува да го погледнете готовиот објект и да направите промени доколку е потребно.
  4. Кинематографија, компјутерски игри и анимација. Во филмската и гејмерската индустрија, 3D визуелизацијата има пуштено корени и е вкоренета засекогаш. Тешко е за современиот човек да ја замисли својата омилена игра без тридимензионални ликови и филм без 3D графика. 3D моделирањето ги прави филмовите поубави и повозбудливи, бидејќи експертите создаваат уникатни предмети кои не се во реалниот живот.
  5. Медицина. Во пластична хирургија, хирурзите се повеќе користат тридимензионални графики. Благодарение на ова, хирурзите можат да му покажат на пациентот како ќе продолжи постапката и каков ќе биде резултатот. Пластичната хирургија е одличен пример.

Целта на програмскиот пакет е слушателот самостојно да изработи 3Д Модел од органска и неорганска природа, и да биде подготвен да работи како 3Д Артист во студио, во филмска, гејминг, ВР или видео продукција. Дополнително, слушателите ќе се запознаат со процес на 3Д моделирање, ќе креираат 3Д анимации и видео клипови следејќи ги најновите и актуелни стандарди во индустријата, сето тоа преку работа на проекти под менторство на Autodesk инструктори и професионалци од индустријата.

3Д Артист е динамична работа која бара истражување, посветеност, придржување кон рокови, одлични визуелни и технички вештини, како и комуникациски и организациски вештини. Кога зборуваме за креативни професии во оваа област, најбарани компјутерски вештини се без сомневање алатките на Autodesk софтверот, т.е. на врвот e најдобрата алатка за 3Д моделирање и анимација Autodesk Maya, како и најмоќната алатка од Autodesk наменета за дигитално скулптурирање и текстурирање на 3Д модели – Autodesk Mudbox.

Во целиот процес ќе те води Autodesk инструкторот Иво Богојевски, кој има долгогодишно искуство во филмската индустрија работејќи на најголемите светски филмски блокбастери. Ќе се запознаеш и со Реален клиент за кого ќе работиш на проект за општествено одговорни практики.

Семос Едукација има статус на Autodesk Authorized Training Center & Autodesk Academic Partner, а нашите предавачи имаат титула Autodesk Certified Instructor.

Програма:

1. Аutodesk Maya Fundamentals, Autodesk Maya Advanced + ACU Exam

2. Autodesk Mudbox

3. Проект за реален клиент

4. Планирање и развој на кариера

Цените кои се наведени важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за 3D Artist

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

Повеќе информации:
076/224-475 и 075/310-910
katerina.peneva@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk


АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА