Претвори ја својата идеја во Андроид апликација!
Летна менторска програма за Android Developer е интензивна и се одвива забрзано во само 2 месеци. Искористете го летото за добивање на нови знаења и вештини, како и работа на реални проекти. Воедно, ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите.
Android Developer
Почеток: 04.07.2022
Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 6 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со
договор на 6 рати заверен на нотар.
Зошто Android Developer:
Обуката за Android Developer е составена од четири дела, Вовед во развој на андроид апликации, Развој на посовремени и комплексни андроид апликации, Работа на практичен проект под менторство и План и развој на кариера.
Наменета е за сите оние кои сакаат да се запознаат со основите на објектно ориентираното програмирање, па подоцна со модерната мобилна платформа Android, како и за оние кои веќе имаат некакво познавање од објектно ориентирано програмирање, а би сакале да се запознаат со јазикот Java и со основите на оваа мобилна платформа.
Со изучување на оваа програма, учесниците ќе се стекнат со основи на Java програмскиот јазик кој се користи за програмирање на Android апликации, како и со основните концепти на самата мобилна платформа. Учесниците ќе работат на неколку практични проекти низ текот на обуките, преку кои го зајакнуваат материјалот опфатен во предавањата.
Во текот на овој курс секој од учесниците ќе ги совлада клучните карактеристики на програмскиот јазик Јава, кои ќе им помогнат да ги применуваат сите Java функции во контекст на основните компоненти на Android, исто така ќе ги совладаат вештините при градење на UI дизајн.
По завршувањето на летната менторска програма секој од учесниците ќе биде способен да започне развој на основна апликација со примена на најбитните концепти и карактеристики кои се потребни за да ги креирате вашите први комплексни Android апликации. Тука започнува третиот дел од програмата, односно работата на реалните проекти кое како најбитен чекор од менторската програма придонесува за секој учесник да работи на своите стекнати вештини и да изгради самодоверба при применување на истите.
Планирање и развој на кариера
Менторски проекти (практичен проект)
Работата на практичен проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат практичен проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.
Испит | Курсеви | Часови |
---|---|---|
N/A | Вовед во развој на Андроид апликации | 40 часа |
N/A | Развој на современи и комплексни Андроид апликации | 40 часа |
N/A | Практичен проект со ментор | 20 часа |
N/A | Планирање и развој на кариера | 9 часa |
Повеќе информации:
075/226-875
sanja.gavrilovska@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk