Semos Summer Sprints – Стипендирани летни менторски програми!

10 делумни стипендии во вредност од 200€ за BIM специјалист

Влези во летна кариерна форма со Semos Summer Sprints! Овa лето искористи ги поволностите на нашите програми кои ги развиваме со специјална цел – да може овој период да добиеш нови знаења за нови кариери! Во период од 3 месеци ќе имаш можност да научиш доволно за кариерна промена и да имаш здрава основа за она што го посакуваш од твојата идна кариера. И секоја обука доаѓа со можност за стипендија!

Комплетна обука од почеток до експертско ниво за светска кариера со БИМ технологии.

Во светот денес, BIM технологијата е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Навлезена е во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки. До 2025 година поради имплементација на BIM-технологијата, се очекува редукција на трошоците за изградба од 33 %, намалување на времето потребно за изградба за 50 %, намалена емисија на СО2 за 50 %.

Building Information Modeling (BIM) е интелигентен процес базиран на богати 3Д модели, кој на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава увид и алатки за поефикасно да ги испланираат, дизајнираат, градат и управуваат зградите и инфраструктурата. Извештаите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите. Компаниите, како и владите, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет.

Почеток: 26.06.2023

Начин на плаќање
Можност за плаќање на 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје или со договор на 5 рати заверен на нотар.

Повеќе информации
070/358-369
julija.gruevska@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk

BIM СПЕЦИЈАЛИСТ

Што ќе научиш на нашата програмa

Име на модул Број на часови
Вовед во BIM 6
Revit Architecture 1+ ACU Exam 39
Revit Architecture 2 39
Autodesk Navisworks 24
Изработка на реален проект 21
Планирање и развој на кариера 9

Семос Едукација има статус на Autodesk Authorized Training Center, а нашите предавачи имаат титула Autodesk Certified Instructor.

Програмата е поделена на пет дела: Вовед во BIM, Autodesk Revit + Autodesk Revit Advance, Autodesk Navisworks ,Изработка на реален проект и План и развој на кариера.

Во првиот дел ќе се запознаете со БИМ Технологијата и нејзина примена во архитектурата, инженерството и градежништвото.

Во вториот дел ќе почнете со изучување на најдобрата алатка која е користена во BIM Технологијата – Autodesk Revit и ќе се стекнете со знаење и можност да добиете Autodesk Certified User сертификат.

Во третиот дел ќе се запознаете со Autodesk Navisworks кој служи за детекција на конфликти во моделот и можност за изработка на симулација и анимација.

Четвртиот дел од оваа летна менторска школа ќе биде изработка на реален проект. Во целиот процес се користи BIM collaborate Pro за организација и координација на сите фази од работата. Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното портфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.

Во петиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Програма

Вовед во БИМ Технологија

Autodesk Revit + Autodesk Revit Advance + BIM collaborate Pro
Координација на БИМ модели со Navisworks

Придобивки

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

За само 4-5 месеци стекни напредни вештини од областа на BIM технологијата и стани експерт користејки ја Autodesk Revit платформата која нуди комплетно решение од оваа област.

Autodesk® Revit® Architecture е водечка БИМ платформа во светот наменета за проектанти од сите дисциплини од областа на високоградбата. На корисниците им овозможува да дизајнираат објекти во 3Д околина користејќи параметрични компоненти, да вршат сложени анализи како и да подготват обемна техничка документација.
Користењето на Autodesk® Revit® Architecture апликцијата заштедува од 30-50% од времето и буџетот потребни за изработка на проектите во споредба со традиционалното КАД проектирање. Истовремено, Autodesk® Revit® Architecture овозможува поголема контрола над моделот, а со тоа и зголемен квалитет на проектите.
Поради големиот број на придобивки, употребата на БИМ технологијата при изработка на проектите е мандаторна во голем број на земји во светот.


ПРИЈАВИ СЕ ТУКА