Стипендии за официјална летна менторска програма за Motion Graphics Designer by Adobe

10 делумни стипендии во вредност од 164€ за официјалната летна менторска програма by Adobe

БИДИ ОРИГИНАЛЕН.
Подготви се за најатрактивната професија во креативните индустрии!

Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули, и работа на реални проекти во соработка со познати компании. Воедно ќе имаш можност овие обуки да ги следиш по повластени цени и да добиеш една од стипендиите.

Adobe Motion Graphics Designer | Дизајнер за движечка графика и анимација by Adobe

Почеток: 27.06.2022

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Во 2020/2021 офцијалните Adobe обуки ги посетуваа 200 слушатели.

Дизајнерите на движечки графики ги користат своите уметнички и компјутерски вештини за да создадат визуелни слики што можат да се инкорпорираат во видео игри, филмови, телевизиски емисии, реклами или други форми на медиуми. Овие дизајнери посебно се фокусираат на слики поврзани со филмови, наместо печатени материјали. Иако им е потребен уметнички талент за да направат рачно нацртани илустрации, да вклучат детали за креатива на игра или филм и да развијат соодветна графика за употреба, исто така им се потребни силни компјутерски вештини за да го финализираат дизајнот.

Побарувачката за анимација и движечка графика се зголемува. Во последниве години, повеќе компании почнаа да ја инкорпорираат движечката графика и анимација во нивните брендови, дигитални производи и стратегии за социјалните медиуми. Во големите организации, тимовите за анимација и движечка графика се сè побројни и побарани. За таа цел, ја развивме менторската програма за Дизајнер за движечка графика by Adobe која ќе им помогне на посетителите да анимираат движечки графики и содржини за социјални медиуми, реклами за брендови, филмска индустрија, гејминг индустрија, да креираат промотивни материјали се со цел да ја раскажат визуелно приказната.

Целта на програмскиот пакет е слушателот самостојно да дизајнира движечка графика, и да биде подготвен да работи како Motion Graphic дизајнер во студио, во филмска или видео продукција. Дополнително, слушателите ќе се запознаат со процес на дизајнирање, ќе креираат анимации и видео клипови следејќи ги најновите и актуелни стандарди во индустријата, сето тоа преку работа на проекти под менторство на Adobe инструктори и професионалци од индустријата.

Движечката графика е динамична работа која бара истражување, посветеност, придржување кон рокови, одлични визуелни и технички вештини, како и комуникациски и организациски вештини. Кога зборуваме за креативни професии во оваа област, најбарани компјутерски вештини се без сомневање алатките на Adobe софтверот, т.е. на врвот се добро познатите Photoshop и Illustrator, како и најмоќната алатка од Adobe наменета за движечка графика - After Effects.

Во целиот процес ќе те водат Adobe инструкторите Бобан Крстев и Марко Јовановиќ, кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Ќе се запознаеш и со Реален клиент за кого ќе работиш на проект за општествено одговорни практики.

Семос Едукација има статус на Adobe Authorized Training Center, а нашите предавачи имаат титула Adobe Certified Instructor. Искористи ги овие обуки за понтамошно развивање на вештините и подготви се за најновата Adobe Certified Professional in Visual Effects & Motion Graphics using After Effects сертификација!

Програма:

1. Adobe Photoshop CC + ACP испит

2. Adobe Illustrator CC + ACP испит

3. Adobe After Effects + ACP испит

4. Проект за реален клиент

5. Планирање и развој на кариера

Цените кои се наведени важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за Motion Graphics Designer.

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

Повеќе информации:
076/224-475 и 075/310-910
katerina.peneva@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk


АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА