Стипендии за летна менторска програма за Python back-end web developer with Django framework

10 делумни стипендии во вредност од 200 € за Менторска програма за Python back-end web developer

КОМПАНИЈА МЕНТОР

stonebranch logo kompanija mentor

БИДИ ОРИГИНАЛЕН.
Подготви се за најбрзо растечката професија во IT индустријата!

Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули, и работа на проекти во со познати компании. Воедно ќе имаш можност овие обуки да ги следиш по повластени цени и да добиеш една од стипендиите.

Back-end Python developer

Почеток: 04.07.2022

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Во 2020/2022 оваа обука ја посетуваа 315 слушатели.

Заплови во водите на програмерството и стани back-end Python developer со нашата летна менторска програма за back-end Python developers и стекни со потребното знаење за креирање на back-end веб апликации со програмскиот јазик Python.

Веќе неколку години по ред Python програмскиот јазик се наоѓа на врвот на најпопуларните и најупотребуваните програмски јазици во светски рамки. Според истражувањата на TIOBE index, Python програмскиот јазик во 2022 година се наоѓа на прво место на листата на најпопуларни програмски јазици и на првото место на листата на омилени програмски јазици меѓу почетниците во програмирањето. Ваквиот позитивен тренд на популарност на овој програмски јазик се должи на неговата едноставна синтакса, голема флексибилност и компатибилност.

Во оваа летна менторска школа ќе се ориентираме на back-end web развој со Python и детално ќе ја разгледаме платформата Django, која всушност претставува open-source платформа за развивање web апликации базирани на Python.

Програмата е поделена на четири дела: Python Development, Django Framework web development, Изработка на практичен проект и План и развој на кариера.

Во првиот дел ќе се запознаете со Python работната околина и сè она што ви е потребно да бидете Python девелопер. По завршувањето на овој дел, следи полагање на PCEP испитот од Python Institute. Со полoжување на овој испит се стекнувате со сертификат кој ја потврдува вашата експертиза во програмирање со Python.

Во вториот дел ќе почнете со изучување на основите на web развојот и практично ќе видите како можете да го имплементирате Python програмскиот јазик во Django за креирање на вашата прва web апликација.

Третиот дел од оваа летна менторска школа ќе биде изработка на практичен проект. Работата на практичен проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат практичен проект во кој имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.

Во четвртиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на Linkedin и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Програма:

Python Development + PCEP испит

Django Framework Web Development

Проект за реален клиент

Планирање и развој на кариера

Цените кои се наведени важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за Back-end Python developer.

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?