Влези во летна кариерна форма со Semos Summer Sprints! Овa лето искористи ги поволностите на нашите програми кои ги развиваме со специјална цел – да може овој период да добиеш нови знаења за нови кариери! Во период од 3 месеци ќе имаш можност да научиш доволно за кариерна промена и да имаш здрава основа за она што го посакуваш од твојата идна кариера. И секој обука доаѓа со можност за стипендија!
Подготви се за најбрзо растечка професија во IT индустријата!
Заплови во водите на програмерството и стани Python developer со нашата летна менторска програма за Python developers и стекни со потребното знаење за креирање на back-end веб апликации со програмскиот јазик Python.
Веќе неколку години по ред Python програмскиот јазик се наоѓа на врвот на најпопуларните и најупотребуваните програмски јазици во светски рамки. Според истражувањата на TIOBE index, Python програмскиот јазик во 2023 година се наоѓа на прво место на листата на најпопуларни програмски јазици и на првото место на листата на омилени програмски јазици меѓу почетниците во програмирањето. Ваквиот позитивен тренд на популарност на овој програмски јазик се должи на неговата едноставна синтакса, голема флексибилност и компатибилност.
Почеток: 26.06.2023
Начин на плаќање
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.
Повеќе информации
075/310-910 и 076/224-475
katerina.peneva@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk
Штo ќе научиш на нашата Python Developer програма
Име на модул | Број на часови |
---|---|
Python development + PCEP испит | 30 |
Advanced Python development | 30 |
Изработка на Реален проект | 30 |
Планирање и развој на кариера | 9 |
Во оваа летна менторска школа ќе се ориентираме на backend web развој со Python. Програмата е поделена на три дела: Python Development, Изработка на реален проект и План и развој на кариера.
Во првиот дел ќе се запознаете со Python работната околина и се она што ви е потребно да бидете Python девелопер. По завршувањето на овој дел следи полагање на PCEP испитот од Python Institute. Со полoжување на овој испит се стекнувате со сертификат кој ја потврдува вашата експертиза во програмирање со Python.
Вториот дел од оваа летна менторска школа ќе биде изработка на реален проект. Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното портфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.
Во третиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.
Python Development + PCEP испит