Влези во летна кариерна форма со Semos Summer Sprints! Овa лето искористи ги поволностите на нашите програми кои ги развиваме со специјална цел – да може овој период да добиеш нови знаења за нови кариери! Во период од 3 месеци ќе имаш можност да научиш доволно за кариерна промена и да имаш здрава основа за она што го посакуваш од твојата идна кариера. И секоја обука доаѓа со можност за стипендија!
Трансформирај ја иднината со АI Ready програмата!
Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули, и работа на проекти со познати компании. Воедно ќе имаш можност овие обуки да ги следиш по повластени цени и да добиеш една од стипендиите.
Според истражувањата на Светскиот економски форум AI ќе замени 85 милиони работни места, но ќе создаде нови 97 милиони, а дури на 50% од вработените ќе им треба дополнителна обука или реструктуирање.
Биди ти меѓу првите на овие простори кои ќе ја развијат вештачката интелигенција во бизнисот и секојдневното живеење.
Почеток: 26.06.2023
Начин на плаќање
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.
Повеќе информации
078/306-647
borjanco.micevski@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk
Што ќе научиш на нашата програмa
Име на модул | Број на часови |
---|---|
Python for AI | 42 |
Mathematical Foundation for AI and Мachine Learning | 4 |
Artificial Intelligence and Machine Learning Fundamentals | 32 |
Applied Deep Learning with PyTorch | 16 |
Работа на реален проект | 20 |
Планирање и развој на кариера | 9 |
Зошто AI е жешка тема?
На кратко: AI го трансформира бизнисот и општеството, вештините за вештачка интелигенција се барани на пазарот на труд, а стекнување на истите може да ја унапреди твојата кариера.
Во овој пакет на модули ќе се запознаеш со Python програмскиот јазик кој според многу истражувања, не само што е најпопуларниот програмски јазик на денешнината, туку тој најчесто се користи во развојот на вештачката интелигенција. Одличен пример е CHAT GPT кој е креиран со помош на python. Неговата интуитивност е предност во учењето, а големата заедница на програмери кои го користат е привилегија.
Основите на вештачка интелигенција и машинско учење ќе ве воведат во полињата на примена на вештачката интелигенција и ќе ве подготват за практицирање на алгоритмите со кои се креираат моделите на машинско учење. За крај, учејќи ја синтаксата и примената на PyTorch ќе разберете како да решите одредени проблеми користејќи deep learning решенија. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното портфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.
Во третиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.
AI ready
Наставата за Летната менторска програма - AI Ready ќе се одвива на англиски јазик.