10 делумни стипендии во вредност од 230€ за ISTQB Practical Software Tester +AI Learning App
Искористете го летото за добивање на нови знаења, титули и кариерна промена!
Летната школа за мануелно тестирање нуди единствена можност за учење од искусни професионалци со долгогодишни искуство во областа на тестирање на софтвер. Оваа програма користи официјални материјали и е во времетраење од 2 месеци, каде преку теорија, проекти и практични вежби од реалниот свет, ќе стекнете практично искуство што ќе Ве подготви самоуверено да ги применувате основните принципи, техники и вештини за тестирање кои им се потребни на работодавците, а Кариерниот Центар е тука да Ви обезбеди кариерно советување за да ги постигнете Вашите професионални цели со цел побрза транзиција кон нова кариера. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени.
*Со посета на оваа летна школа добивате дополнителен ваучер од 90 Евра кој може да го искористите за полагање на официјален испит Certified Tester Foundation Level (CTFL) v4.0 до 01 декември!
Тестирањето на софтвер е еден од клучните делови во развојот на еден софтвер, процес на извршување на планирани проверки на функционалноста на еден систем, програма или апликација, со сеопфатна цел за подобрување на софтверските перформанси. Невозможно е да се создадат успешни дигитални производи без да се тестираат пред и по продукција. Најдобрите тимови за развој на софтвер уште од самиот почеток вклучуваат тим од тестери и QA инженери. Биди и ти дел од тој тим!
Име на модул Број на часови 1 ISTQB® Software Testing Foundation v4.0 24 2 ISTQB® Foundation Extension Agile Tester 20 3 Практичен проект со ментор 24 4 Планирање и развој на кариера 9
Искористете ги овие обуки за понатамошно развивање на вештините и подгответе се за ISTQB® Certified Tester, Foundation Level – Сертификација
Семос Едукација има статус на акредитиран провајдер на обука за ISTQB Certified Tester Foundation Level (CTFL) и ISTQB Certified Tester Foundation Level – Agile Tester (CTFL-AT) од страна на UK Testing Board (UKTB), нашите тренери се професионалци со долгогодишно искуство во областа.
ISTQB® Software Testing Foundation
Обуката им овозможува на оние слушатели без искуство во оваа област да се стекнат со знаење за некои од основните принципи на тестирање. Слушатели ќе научат како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање. Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; ве запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација.
ISTQB® Foundation Extension Agile Tester
Обуката ги води тестерите до разбирање на вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тие се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците. Agile Extension ќе му овозможи на тестерот знаење со кое ќе може да биде дел од Agile тестинг тимовите и да постигне поголеми перформанси.
Во третиот дел од програмата започнува најважната фаза, односно работата на реален проект под менторство, кој придонесува кон реална примена на веќе стекнатите вештини на секој од учесниците и стекнување на практично искуство кое води до зголемена самодоверба.
Планирање и развој на кариера
- Тема - Вовед во развој и планирање на кариера Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
- Тема - Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил Дискусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
- Тема - Подготовка за интервју Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.
Менторски проекти (практичен проект)
Работата на практичен проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат практичен проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на практични проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на практичните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.
ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗA ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?
- Официјални курсеви со вклучена официјална ISTQB литература, вежби и сертификати
- Понуда, услови и цени кои важат само еднаш годишно
- Работа на практични проекти со ментор
- Тренери со долгогодишно предавачко и практично искуство
- Можност за пракса во познати ИТ компании
- Влез во Кариерниот Центар на Семос Едукација
Семос Едукација има статус на акредитиран провајдер на обука за ISTQB Certified Tester Foundation Level (CTFL) и ISTQB Certified Tester Foundation Level – Agile Tester (CTFL-AT) од страна на UK Testing Board (UKTB)
4 Коментари
Маја Ангелеска
Разгледувајќи ја содржината на програмата за ISTQB Software Tester воопшто не се двоумев за изборот на Семос Едукација.
Мартин Доков
Со одличната програма за ISTQB Software Tester на Семос Едукација, заедно со знаењето и вложениот труд на професорот Фисник Доко, се стекнав со знаење и пракса за да можам да се вработам по оваа струка.
Наташа Јовановски
Работам како QA Consultant во Solutionade. Завршниот проект, најинтересниот дел од студиите, ми помогна да го совладам материјалот и да го покажам знаењето во реален проект. Не двоумете се да направите career switch, само така ќе ги исполните сите свои цели.
Никола Николовски
На сите оние кои сакаат да изградат кариера како ISTQB Software Tester, им препорачувам да бидат упорни, истрајни и вредно да работат. За да има успех мора од некаде да се почне. Овде успехот започнува од носење на правилна одлука за избор на соодветна програма за стабилна иднина, а тоа е програмата за Software Testing во Семос Едукација.