Влези во летна кариерна форма со Semos Summer Sprints! Овa лето искористи ги поволностите на нашите програми кои ги развиваме со специјална цел – да може овој период да добиеш нови знаења за нови кариери! Во период од 3 месеци ќе имаш можност да научиш доволно за кариерна промена и да имаш здрава основа за она што го посакуваш од твојата идна кариера. И секоја обука доаѓа со можност за стипендија!
Добиј официјален Microsoft сертификат!
Летната програма за Data Analyst е интензивна и обуката се одвива забрзано во само 3 месеци. Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули и работи на 2 практични проекти под менторство на сертифицирани тренери. На крајот од летото потврди го твоето знаење и полагај го гратис официјалниот Microsoft испит PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst.
Способноста правилно да се анализираат податоците, да се разбере резултатот од нивната анализа, како и да се донесат правилни одлуки врз база на направената анализа е клучна вештина во денешно време.
Почеток: 26.06.2023
Начин на плаќање
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор заверен на нотар - до 6 месечни рати.
Повеќе информации
078/270-762
simona.miladinovska@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk
Штo ќе научиш на нашата Microsoft Data Analyst програма
Име на модул | Број на часови |
---|---|
DP-080: Querying Data with Microsoft Transact-SQL | 24 |
Analyzing Data with Excel and Essential Statistics for Data Analysis | 32 |
PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst | 32 |
Практичен проект со ментор | 30 |
Гратис Microsoft испит за полагање (PL-300) и стекнување на светската титула Microsoft Certified: Power BI Data Analyst Associate |
Со изучувањето на основите на анализа на податоци, вклучувајќи визуелизација, описна статистика и користење на логиката за пребарување на сетови на податоци, ќе бидеш подготвен да ги анализираш податоците од кој било облик и од која било индустрија. По завршување на оваа програма, ќе знаеш како да ги анализираш податоците во контекст на различни организации и индустрии и да бидеш оној кој ќе го прикаже резултатот од анализата со што ќе се донесат вистински одлуки.
Семос Едукација има единствен статус на Microsoft Solutions Partner (Training Services) во Македонија и регионот, а нашите тренери имаат титула MCT (Microsoft Certified Trainer).
Искористи ги овие обуки за понтамошно развивање на вештините и подготви се за Microsoft Certified: Power BI Data Analyst Associate сертификација!